Мајами

МАЈАМИ за своите клиенти врши услуги на печатење и плисирање на вештачки колбасичарски обвивки;
Стручниот тим за дизајн, припрема за печатење и флексо печатење може во потполност да удоволи и на најсложените барања на клиентите определени за современ дизајн на производите кој е неопходен за атрактивен пласман на производите на пазарот.

По одобрување на дизајнот од страна на клиентот, во МАЈАМИ се изработуваат клишеа и се врши печатење на обвивките во флексо техника до 6+6 бои.

   

Резултатот се квалитетни обвивки со оригинален дизајн и живи бои на самиот отисок добиен преку прецизна флексо техника. Ова за клиентите гарантира

  • Препознатлива презентација на готовите производи
  • Внимание од страна на купувачите на месни преработки. За нив, вкусот станува важен дури откако презентацијата на производот ќе го освои нивното внимание
  • Полесно препознавање на брендот и името на производителот што промовира успешна продажба на производите
  • Подобра заштита на производите на клиентите од евентуално нелегално копирање / имитирање

Обвивките, боите и останатите средства кои се користат во печатењето, одговараат на највисоките стандарди и ЕУ директиви за еколошка подобност и употреба за пакување на прехранбени продукти. (Цертификати)
Печатење се врши на обвивки во дијаметри од Ø36 – Ø140
.

Како последна фаза од доработката, МАЈАМИ ги плисира (пакува) обвивките во должина од 20 до 40 m во мрежички со должина од 30 до 50 cm кои се поставуваат на автоматски машини за полнење, со што се убрзува процесот на полнење на месните преработки кај клиентите.

Плисирање се врши на обвивки во дијаметри од Ø36 – Ø120.

Во сите наведени процеси на доработка на обвивките се користат современи и моќни машини за припрема, печатење и плисирање.

Главните предности на МАЈАМИ се високиот квалитет, кратките рокови на испорака и флексибилноста во прифаќање на големи и/или мали нарачки (зависно од потребите на клиентите).