Производи

Мајами

BSM - се петослојни биаксиално ориентирани обвивки произведени на база на полиамид и полиолефин;Произведени во “Спектар“ од Србија, еден од водечките светски производители на вакви производи.По одобрување на дизајнот од страна на клиентот, во МАЈАМИ се изработуваат клишеа и се врши печатење на обвивките во флексо техника до 6+6 бои.

Произведувач: СПЕКТАР, Горњи Милановац - Србија

Опис: BSM се пето-слојни, биаксиално ориентирани обвивки направени на база на полиамид и полиолефин.

Употреба: Во производство (за пакување) на полутрајни месни преработки (салами, колбаси) и сл.

Бариерни карактеристики: BSM обвивките претставуваат извонредна заштита на производите, при што нема трансфер на водена пареа и влага од обвивките, како ни допир на кислород со производот. Обвивките допринесуваат за одржување на производот во тек на подолг период, без губење на квалитетот.

Механички карактеристики: BSM се многу издржливи и доволно еластични, што овозможува полнење при големи брзини.

Температурни карактеристики: BSM обвивките издржуваат температури на мокра стерилизација до 121оС. Исто така, одлично поднесуваат ниски температури, така да производите може подолг период да се чуваат во ладни комори.

Хигиенска исправност: BSM обвивките се неутрални во поглед на мирис и вкус. Обвивките се атестирани во акредитирани институции, а контролата на нивната здравствена исправност се врши редовно.

Дијаметри: BSM се произведува во дијаметри од Ø32 до Ø188 mm.

Бои: Транспарентна, бела, кафеава, црвена, портокалова, жолта, златна, крем, зелена, плава, сребрена, црна,...

Печатење: во флексо техника, со можност за печатење до 6+6 бои.

Испорака:

  • Во ролни со должина од 500, 750 и 1000 метри
  • Плисирани во парчиња од 20 – 40 метри

Упатство за употреба:

  • Обвивките се квасат во млака вода за време од најмалку 30 минути
  • Наквасените обвивки треба да се употребат веднаш
  • Препорачаното полнење е за 10% поголемо од номиналниот дијаметар на обвивките
  • Максимална температура на стерилизација е 121оС
  • После термичката обработка, производот треба да се олади со туширање или потопување во вода (во траење од мин. 10 до 15 минути)
  • Обвивките да се чуваат на ладно и суво место, добро затворени во кесата