Мајами
TSF - Термособирачки филмови и кеси Изработени од високобариерен седмослоен филм со високи перформанси, произведен во “Спектар“, на најсовремена линија од таква врста во светски рамки.
Производител: Опис: |
|
Стандардни дебелини на фолијата од која се произведени кесите се 45, 75 и 100 микрони. Во зависност од потребите на купувачите, можна е и изработка на фолија со друга дебелина во дадениoт опсег. Карактеристики: |
|
Оптички својства и собирање: посебниот сјај, прозирноста и својството на собирање на зголемени температури го чинат спакуваниот производ многу атрактивен. |
|
|
|
Димензии на кесите:
Со страничен вар: должина од 180 - 580 mm, ширина од 80 - 250 mm.
Со полукружен вар: должина до 1000 mm, ширина од 180 - 580 mm.
Со рамен вар: должина до 1000 mm, ширина од 180 - 580 mm.
Упатство за употреба и чување:
- Производот се става во кесата водејки сметка да површината на кесата кај која доаѓа варот, биде што помалку контаминирана од маснотиите на производот.
- Кесата се вакуумира до постигнување на најнизок можен притисок. Грејачот и жицата на вакуум машината треба да бидат подесени така да биде можно после вакуумирањето да се одвои вишокот на материјал.
- Кесата се потопува во вода на температура од 92 – 94 оС во траење од 1 – 2 секунди.
- Кесите да се чуваат на ладно и суво место спакувани во оригиналната амбалажа.


